Англија, Шпанија и Италија добија нови прваци во своите земји. Трофејот од Премиер Лигата остана во Манчестер, но замина во “плавиот“ дел. Реал Мадрид ја прекина тригодишната доминација на Барселона, и ја освои 32-та титула во “Ла Лига“ додека Јувентус во Серија А се закити со 28-та титула во “Калчо Лигата“.

Сити и Јунајтед во последното коло стартуваа со ист број на бодови но “граѓаните“ беа првопласирани поради подобрата гол разлика. Избраниците на Фергусон рутински ја одбработија задачата и го совладаа Сандерленд со 1-0. На Етихад стадионот се случуваа чуда, со головите на Џеко и Агуеро во судиското продолжение “граѓаните“ славеа над КПР 3-2 и стадоа крај на една ера во Манчестер и Англија.

Откако првакот беше јасен во Италија. Милан и Јувентус се простија од легендите во клубовите. Од екипата на “росонерите“ се повлекоа Гатузо, Инзаги, Неста, Ван Бомел и Сидорф додека од “бјанконерите“ се раздели големиот капитен и џентелмен Алесандро Дел Пиеро.

Реал Мадрид предводен од Португалците, Роналдо и Мурињо ја тргнаа Барселона од тронот. “Кралевите“ сосема заслужено се закитија со 32-та титула во Примера. “Ла Лига“ наредната сезона ќе биде осиромашена, на клупата од Барса ќе го нема мозокот на “тик так“ играта Пеп Гвардиола, негов заменик е помошникот Тито Виланова. Дали може новиот тренер да ги склопи коцките како Гвардиола, останува да видиме….

Мх.П.