Хавиер Занети поради повредата на тетивата ќе биде надвор до крајот на сезоната. Италијанските медиуми јавуваат дека ако повредата се покаже посериозна Аргентинецот на неславен начин ќе ја заврши фудбалската кариера.

Хавиер Занети повеќе од 18 години е дел од составот на “нероазурите“. Тој во редовите на Интер пристигна од тимот на Банфилд.

Долгогодишниот капитен има над 600 официјални натпревари, а беше една од главните алки во тимот на Мурињо, кој ја освои тројната круна во 2010 година.

Мх.П.