Крај на сезоната за “началникот“ во охридската одбрана Атанас Поп-Стефанија. Столбот во охридската одбрана се здоби со повреда на коленото на последниот меч против Ѓорче Петров кој “гладијаторите“ го добија со 23-20.


По направените снимки дијагностицирана е менисцеална циста на десното колено, повреда која бара апсолутно мирување.

– Нема откажување во наредните две недели ќе има терпии по што ситуацијата ќе биде појасна. Тек подоцна ќе видиме дали ќе можам да продолжам, но јас искрено се надевам дека ќе успеам да им помогнам на моите соиграчи во финишот на сезоната – вели Поп -Стефанија.

Следниот натпревар охриѓани го играат на 12- ти април против Радовиш.

М.П.