– Задоволен сум од играта и како младите ракометари размислуваат на теренот. Малку стравот ги надвладеа бидејќи пред ова никогаш се немаа сретнато со цврста екипа како што е охридската. Во иднина планираме повеќе вакви натпревари, затоа што дечињата можат да се опуштат кога играат против поквалитетен противник – рече тренерот на младинците, Ѓоко Апостолов.
Првата екипа на Охрид 2011 иако “пријателскиот“ натпревар го одигра без неколку првотимци немаше попуст за нивните наследници.
– Многу ми е мило што подмладокот на Охрид не покажа никаков респект према нас. Сите погледи треба да ги насочиме кон нив бидејќи тие се иднината на охридскиот ракомет. Во иднина ќе играме повеќе вакви натпревари во кои нашите наследници ќе стекнат повеќе знаење и искуство кое ќе им биде од големо значење во нивните понатамошни кариери – посочи Атанас Поп Стефанија.
Наредната сезона охридскиот ракометен состав ќе пријави пионерска екипа до 15 години која ќе се натпреварува во југозападниот регион.