Крај на “тики –така “ ерата ? Мадрид е шампионот во ЛШ
02.05.14 12:27
Вкупната победа од 5-0 на Реал Мадрид над Баерн Минхен го најави крајот на “тики-така“ ерата. Лани токму Баерн Минхен со вкупната 7-0 победа над Барселона му покажа на светот дека “тик-так“ системот има грешки. Но по поставувањето на “филозофот“ Гвардиола, “баварската“ машинерија се сврти кон “пас системот“.
Таквиот систем не само што не им ја донесе титулата во Лигата на Шампиони, туку го доживеаа еден од најтешките порази во историјата на клубот на домашен терен. Основачот на овој систем Гвардиола е изложен на жестоки критики од страна на германските медиуми, но и од луѓето во управата, вклучувајќи го легендарниот Франц Бекенбауер, кој исткна дека воопшто не е воодушевен од новиот стил на Баерн. Гвардиола има уште еден меч да ја спаси главата на клупата на Баерн. Финалето во германскиот куп во Берлин против Борусија Дортмунд. Пораз би значел крај на “пас –системот“ во Минхен. Доколку Пеп остане на клупата на Баерн, ќе мора да подготвува нова 2.0 верзија на “тики-така“ системот. Проширена и надградена.
Карло Анчелоти покажа уште еднаш дека сосема заслужено е во самиот крем на тренерскиот свет. По совршено поставената тактичка формација на првиот меч во Мадрид, брилираше во Минхен кога на теренот уште од првата минута го испрати најдоброто што го има без никакви калкулации. Фудбалерите за храбрата одлука на италијанецот му возвратија со првата победа во клупската историја на “Алијанц арената“. Ако за Реал тоа беше прва победа, за Карлето не, тој и со Милан во неколку наврати ги елиминираше баварците на патот кон трофејот. “Десетката“ е толку блиску, со триумф во Лисабон на 24 Мај, италијанскиот стратег ќе си купи место во кралската историја.
Специјалната “бус-стратегија“ на Мурињо му се врати како бумеранг.Ултра дефанзивната формација во Мадрид ги фрустираше домаќините, но истата таа стратегија во реваншот ги фрустрише домашните навивачи кои мораа да го напуштат Стемфорд Бриџ со наведнати глави. Па така “Мистер полуфинале“ уште еднаш остана пред портите на финалето, анализирајќи ги сопствените но и грешките на поединци во “синиот“ тим. Критиките за стратегијата доаѓаат и од неговите фудбалери, но ако се повторува историјата, тоаш критичарите (Хазард) на специјалниот веројатно ќе се најдат на излезната врата од клубот.
Сочувај го најдоброто за крај. Каква бескомпромисна и отворена игра на “јорганџиите“ на Стемфорд Бриџ. Класичната 4-4-2 формација е добитна формула за воините на Диего Симеоне, кои не признаваат фаворити. Тимот на “Чоло“ нема пораз оваа сезона во Лига на Шампиони, примил најмалку голови, а на сите гостувања ги тресел противничките мрежи. Нема ниту еден меч, а тимот на Атлетико да бил натрчан и надигран. Секако дека е тим за респект и повеќе од заслужено ќе патува во Лисабон на мегдан со Реал. Во Ла Лига немаат пораз од кралскиот клуб, а на чекор се пред нос да им ја украдат титулата.
Мадрид е победник во Лигата на Шампиони. Прашање е само во кој крај ќе се слави титулата.
Третото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ ќе се одигра викндов на 28 февруари и 1 март во Спортскиот центар „Климент Колески“ На програмата се 4 натпревари Екипите на ЛТХ Леарница и ...
Денес се одигра првото коло од Пионерската лига Охрид 2026 во шах во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Во лигата учествуваат седум основни училишта од Општина Охрид, а...
Ракометарите на Охрид во рамки на првото коло од плеј-офот гостуваат во сабота кај екипата на РК Бутел во Скопје Го започнуваме плеј-офот со натпреварот против Бутел во Скопје Неодамна одигравме на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.