Крајот на соработката со капитенот Масимо Амборсини значеше дефинитивен крај на една шампионска ера во Милан. Масимо Амбросини 17 сезони го носеше дресот на Милан притоа освојувајки ги сите значајни трофеи во клупската историја.


Амбросини како дел од Милан освои 4 скудета, 2 пати триумфираше во Лигата на Шампиони 2003 и 2007, го освои купот на Италија, 2 пати европскиот суперкуп, два пати италијанскиот супер куп и еднаш Интерконтинеталниот куп.

Популарниот Амбро беше последниот мохиканец од тимот кој минатата деценија го водеше главниот збор во фудбалска европа.

Милан во еррата на Берлускони (1986 до сега) успеа во два наврати сериозно да ја затресе Европа. Првиот пат тоа се случи под водство на Ариго Саки, па Фабио Капело,(5 триумфи во Купот на Европските шампиони) а вториот пат тоа беше под водство на Карло Анчелоти (3 финалиња и 2 триумфа во Лигата на Шампиони).

Актуелниот Милан на Алегри е далеку од тој на Ван Бастен, на Малдини, на Инзаги.Милан е надвор од пазарот и ниту од далеку не е конкурентен на англиските Манчестер Јунајтед, Сити, Челси, не може да се носи ниту со Реал и Барселона, уште потешко со Баерн Минхен, а како доаѓа времето фудбалерите се вртат на парите кои доѓаат од ПСЖ и Монако.

За италијанските тимови веќе и никој и да не разговара, а да не беа блескавите изданија на фудбалската репрезентација италијаните ке беа одмана заборавена фудбалска раса.

М.П.