Фудбалерот на Јувентус, Бонучи имаше крајно неуспешен обид за симулација на пенал на мечот со Палермо во Серија А. Дефанзивецот на “старата дама“ во 85-та минута излезе “очи во очи“ со голманот на Палермо, место да ја затресе мрежата и да ја осигура победа за Јувентус, тој отиде да изнуди пенал и се посрамоти а притоа заработи жолт картон.

Бонучи имаше голема среќа откако неговиот неуспешен обид не влијаеше на крајниот резултат и Јувентус прокнижи нови три бода во трката за Скудетото.

Мх.П.