Министерството за образование останува на препораката, секоја општина да одлучи како ќе се одвива наставата во зависност од временските услови со кои се соочува.

– Постојат големи разлики во временските услови во општините во Македонија и поради тоа не е потребно на ниво на држава да се донесе генерална препорака, изјави вчлера во Скопје министерот Кралев.

Според најавите на Локалната самоуправа, наставата во Охрид денеска ќе се одвива со скратени часови. Зависно од временските услови, ќе се одлучи дали и во наредните денови наставата ќе продолжи со редовна динамика или со скратени часови.

OhridNews