Од идната година,  се прават напори, наставата на факултетите да може да се следи и од дома. Oва денес го изајви Миниитерот  за образование и наука Панче Кралев, при промоцијата на лабораторијата за учење на далечина при Фaкултетот за туризам и угостителство -ФТУ во Охрид.

Министерот појасни дека ова е следен чекор во реализација на проектот.

– Студентите не мора да бидат во просториите на факултетот за да слушаат настава. Таа ќе може да се следи интерно вон универзитетските училници. Примената на системот има големо искуство и во наредните месеци ќе се работи со експерт од Германија. Треба темелно да се разработи проектот за да не дојде до манипулации и злоупотреба од страна на професорите и студентите. Во прашање е законска подрегулатива, која ќе ни овозможи користење на ваквите лаборатории во рамките на сите универзитети. – додаде Кралев.


 
Продеканот за настава при ФТУ, проф. д-р Цветко Андреески, изрази задоволство од соработката со министерството. 

-Факултетот подолго време ја посакуваше лабораторијата. Аплициравме на огласот за опремување на лаборатории од страна на минстерството за образование и наука.  Оттаму ни одобрија 2 милиони денари за опремување и реализација на проектот – изјави Андреески.

Тој најави дека системот ќе започне да се користи веќе од следна недела. -Нема да застанеме тука. Ќе го зголемиме нашиот потенцијал за учење на далечина во соработка со партнер-институциите – додаде продеканот за настава.


Училницата која што денес беше промовирана, користи дополнителна техничка поддршка како што е смарт табла, видео презентациона опрема и се што е потребна за една квалитетна училница на 21-виот век.

Инаку во рамките на промоцијата на лабораторијата за учење на далечина, присуствуваше и Претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски.

О.Т.