Реал Мадрид еден месец ќе биде без дефанзивецот Пепе. Португалскиот
репрезентативец, по направената атроскопија на десното колено, од
лекарскиот тим добил препорака да мирува четири недели.

Лекарскиот тим на Реал соопшти дека процесот на рехабилитација, на Пепе, ќе мине без проблеми.

Отсуството на Пепе само му ги зголеми главоболките на тренерот Жозе
Мурињо, кој веќе не може да смета на двајца дефанзивци, Марсело и Паоло
Коентрао.

Пепе поради повредата нема да биде во конкуренција за натпреварите кои
Реал ќе ги одигра против Реал Сосиедад, Осасуна, Валенсија и Хетафе.

“Мафакс“