Кругот се намалува во изборот за нов стратег на Реал Мадрид по заминувањето на Жозе Мурињо. Имаше повеќе кандидати но изборот ќе остане само на двајца и тоа на Карло Анчелоти и Зинедин Зидан.

Од почетокот италијанскиот стратег беше фаворит за презамење на клупата од Реал Мадрид. Но, тој неможе да најде заеднички јазик со управата на ПСЖ да го пушти без оштета.

Зинедин Зидан дел од својата брилијатна фудбалска кариера ја помина на „Сантијаго Бернабе“. Тој сеуште е омилен меѓу навивачите, но претседателот Перез неодамна соопшти дека е премлад да го преземе Реал Мадрид.

Еден од “тивките“ фаворити беше Хуп Хејнкенс, но Германецот се одлучи да се повлече откако му заврши договорот со Баерн Минхен.

Мх.П.