Екипата на Реал Мадрид повторно купуваше во Бразил и во своите редови го доведе талентираниот Реинер Жесус Карваљо од тимот на Фламенго.

Бразилецот на „кралевите“ ќе им се приклучи после завршување на сезоната и Олимписките игри во Токио каде ќе ги брани боите на националната селекција до 23 години.

Реинер со шпанскиот гигант потпиша договор до 2026 година, а клубот од Бразил за трансферот ќе заработи 35 милиони евра.

18-годишниот фудбалер оваа сезона во дресот на Фламенго одигра 14 натпревари и успеак да постигне шест голови надополнети со две асистенции. Реинер е шести бразилски фудбалер во редовите на Реал Мадрид.

OhridNews