Барселона го елиминираше лутиот ривал Реал Мадрид во 1/4 финалето од “Копа дел реј“, но “блауграната“ таквата игра не ја повтори на дуелот со Виљареал во “ла лига“ играјќи 0-0. “Кралевите“ на домешен терен триумфираа со 3-1 над Сарагоса и “киднаа“ на седум бодови од бранителот на трофејот “Барса“.


 

Историјата говори дека “специјалниот“ никогаш не испуштил предност од седум бодови, а Реал Мадрид титулата ја загубил во сезоната 2003/04 со осум бодови предност пред Валенсија. Судејќи по овие параметри, Мурињо е блиску до титулата во Примера, која Барселона три години љубоморно ја чува.

Мх.П.