Убедливата победа на Реал Мадрид над Милан од 5-1 ја покажа слабата страна на “росонерите“ по продавањето на Тиаго Силва во ПСЖ.


Кристијано Роналдо постигна два погодоци, по еден постигнаа Серхио Рамос, Ди Марија и Каљехон додека почесниот погодок за Милан беше дело на Рубињо.


Барселона после изведувањето на пеналите го совлада Манчестер Јунајтед откако регуларниот дел заврши без победник и без голови 0-0. Прецизни за “блауграната“ беа Чави и Пике, а за “црвените ѓаволи“ не успеаа да реализираат Нани и Јанг.


Мх.П.