Шпанскиот гигант Реал Мадрид, денеска, го презентираше Давид Алаба како нов фудбалер во „кралското“ семејство.

Австриецот кој игра на левата бековска позиција во Мадрид се пресели како слободен агент од германскиот бундеслигаш Баерн Минхен.

Алаба со Реал Мадрид потпиша петгодишен договор, а го наследи бројот 4 на дресот, кој долги години го носеше Серхио Рамос.

Репрезентативецот на Австрија настапуваше за вториот тим на Австрија Виена и за Баерн Минхен каде се стекна со светска фудбалска репутација.

OhridNews