Победата над Елче на „Сантијаго Бернабеу“ и поразите на Барселона и Атлетико Мадрид од Реал Сосиедад 3-1 односно Осасуна 3-0 ги лансираше „кралевите“ на врвот до „Ла Лига“. Избраниците на Италијанецот, Карло Анчелоти се лидери со три бодови предност од Атлетико Мадрид и Барселона.
Резултати : Рајо Ваљекано – Севиља 0-1, Бетис – Атлетик Билбао 0-2, Валенсија – Гранада 2-1, Осасуна – Атлетико Мадрид 3-0.
Мх.П.