По продолжувањето на договорите со важните фудбалери и тренерот Зинедин Зидан, Реал Мадрид успеа да најде заеднички јазик и со авиокомпанија Емирати со која склучи мултимилионски договор.
„Кралевите“ наредните четири сезони ќе добие 280 милиони евра или по 70 милиони годишно, што го прави овој договор најбогат во историјата на фудбалот.
Договорот помеѓу европскиот и шпанскиот првак со авиокомпанијата е за 8 милиони повеќе од важечкиот на Манчестер Јунајтед со компанијата за автомобили Шевролет. На трето место според финансиската конструкција се наоѓа соработката помеѓу Барселона и Ракутен.
Реал Мадрид по комплетирањето на овој договор ќе седне на маса и со спортската компанија Адидас со која треба да го финализира новиот договор, кој дополнително ќе биде објавен во јавноста.
OhridNews