Екипата на Реал Мадрид обезбеди капитална предност по првиот полуфинален натпревар со Атлетико Мадрид во шпанскиот „Копа дел Реј“.

Во градската пресметка на „Сантијаго Бернабеу“ избраниците на италијанскиот стратег Карло Анчелоти лидерот во „Ла Лига“ го совладаа со убедливи 3-0. Од трите погодоци за Реал мадрид, два сами си постигнаа фудбалерите на Атлетико Мадрид во својата мрежа додека третиот беше дело на Хесе.


Резултати : Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 3-0, Барселона – Реал Сосиедад 2-0.

Мх.П.