Трката за титулата во Примера, станува “густа“. Лидерот на табелата, Реал Мадрид ремизираше на Ел Мадригал, со Виљареал 1-1 додека Барселона ден претходно ја совлада Гранада со 5-3. Бодовната разлика, на “кралевите“ се стопи на шест поени, а пред две рунди избраниците на Мурињо имаа “сигурни“ десет бодови.


Секоја екипа во овој период од шампионатот, сака да има предност од шест бодови. Одиграмве добар натпревар, кој беше еден од потешките сезонава. Атмосферата во тимот е добра, и одиме на следниот предизвик – истакна левиот бек Марсело.


Мечот на “Ел Мадригал“, “кралевите“ го завршија без тренерот Жозе Мурињо кој заработи црвен картон, а “покусо“ не останаа ни дефанзивецот Рамос, и германецот Месут Озил. Поради бојкот за слабото судење, “специјалниот“ го пропушти вообичаениот прес после натпревар.

Шпанскиот репрезентативец Серхио Рамос на мечот со Виљареал го доби 11 црвен картон, во Примера Дивизин. Досегашен рекордер беше поранешниот капитен Фернандо Иеро со десет црвени картони.

Мх.П.