Раководството на Реал Мадрид подготвува нова понуда за Кристијано Роналдо сé со цел својот најдобра играч да го задржи во клубот до крајот на кариерата.


Реал за Роналдо подготвил петгодишен договор вреден 155 милиони евра. Како што пренесуваат шпанските медиуми, доколку Роналдо го потпише новиот договор, тогаш тој ќе стане најплатениот играч во светот на фудбалот со годишна плата од 20 милиони евра.

Новиот договор предвидува Роналдо да добива и повеќе пари од маркетиншките кампањи. Актуелниот договор на Роналдо со Реал истекува во 2015 година, напаѓачот пред неколку денови на својот Твитер профил напиша дека не се согласил да потпише нов.

Роналдо во Реал пристигна во 2009 година од Манчестер Јунајтед за сума од 94 милиони евра. Португалецот за четири сезони одигра 199 натпревари на кои постигна 201 гол.

“Макфакс“