Дел од охридските таксисти и ова лето со стари, лоши навики. Одбиваат да возат доколку релацијата е кратка, или бараат неколкукратно повисок надомест. Така „соло“ таксистите околу автобуската станица за превоз до булеварот „Туристичка“ бараат и по 200 денари, а во градот без стотка не сакаат ни да чујат за муштерија доколку релацијата е под еден километар.

Вакви појави се забележуваат секогаш во шпицот на туристичката сезона, што сериозно го нарушува угледот на градот, но и на такси компаниите кои работат согласно прописите и утврдените цени од советот на општината.

OhridNews