Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека денес, понеделник, на магистралниот пат А2 патен правец Кичево–Охрид (Пресека–Врбјани) поради изведување градежни работи (минирање), сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути, во периодот помеѓу 13:00 и 15:00 часот.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

OhridNews