Непознат сторител(и) утрово провалил во црквата Св. Јован Канео во Охрид од каде украл помала сума пари. За среќа од црквата која и пред три месеци беше цел на крадците не е се украдени икони или други вредни предмети.
Од СВР Охрид велат дека случајот е евидентиран. На местото на настанот извршена е истрага и се работи на откривање на провалниците.
Обид за провала синоќа имало и во црква во селото Елшани, но сторителите не успела во намерата, информират од МВР.
Неодамна во струшко непознати сторители од повеќе цркви во неколку села однесоа педесетина вредни икони, меѓу кои и исклучително значајни дела од 18 и 19 век.












