Поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешка кражба“ секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Е.И.(19) од Штип и Е.Ќ.(18) од Прилеп. 

Пријавените, тешката кражба ја извршиле на 18-ти овој месец, околу 05 часот, откако со чекан и штрафцигер ја оштетиле бравата од влезната врата и насилно влегле во внатрешноста на црквата „Св.Петка“ во Струга. Притоа одзеле 600 денари, три бакарни свеќници високи околу 1,3 метри, четири бакарни и три алуминиумски тепсии како и други поситни предмети.

Одземените предмети успеале да ги префрлат позади спортската сала во Струга, каде со чекан ги кршеле и оштетувале. Откако ги искршиле на повеќе делови, ги ставиле во платнена вреќа и така подготвени за продажба ги сокриле во близина на бараките на улицата „Црни дрим“. Бесправно одземените и оштетени предмети, се пронајдени од страна на полициските службеници.

OhridNews