На 29- ти јуни во село Велгошти, непознат сторител со употреба на подесен алат извршил тешка кражба во куќата на 63- годишен жител, одземајќи 25.000 евра и патна исправа.

Истиот ден, во село Пресовјане, струшко, непознат сторител со кршење на прозорско стакло извршил тешка кражба во црквите „Св. Богородица“ од каде одзел 500 денари и „Св. Никола“ од каде одзел 700 денари.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите на кражбите.

OhridNews