Од Министерството за внатрешни работи информираат за две тешки кражби што се случиле во Струга и струшко.

На 23/24-ти септември, во Струга на улицата „Маршал Тито“, во црквата „Св. Жени Мироносици“, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба, при што се одземени 1.000 денари. Сторител со употреба на хебла ја оштетил и насилно ја отворил металната решетка на прозорот, влегол во внатрешноста на црквата, каде извршил пребарување, и од дрвена отворена каса поставена на вратата ги одзел парите и се оддалечил во непознат правец.

Истите денови, во струшкото село Радолишта, непознат сторител извршил тешка кражба во џамија „Башкими“, при што одзел 6.000 денари во разни апоени. Сторител насилно го отворил прозорот и влегол внатре, по што од метална каса поставена на ѕидот ги одзел парите и се оддалечил во непознат правец.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews