Ова лето, Младински Центар Охрид им нуди незаборавна, креативна и едукативна авантура на децата од 8 до 14 години преку Креативна Летна Школа, под мотото „Креативни раце, весели срца!“. Првата работилница ќе се одржи на 25 јуни 2025 година (среда) со почеток во 11:00 часот.

Оваа школа нуди уникатна можност децата да ги развијат своите уметнички способности, да научат нови техники и да се изразат преку разновидни активности. Во фокусот се креативната слобода, заедничката работа и уметноста како средство за комуникација.

Во текот на школата, децата ќе:

  • Научат како да користат различни бои, материјали и техники во уметничко изразувањ
  • Креираат уметнички дела од рециклирани и природни материјал
  • Работат во тимови, спојувајќи идеи и развивајќи приказни преку креација

На крај од летната школа ќе се организира завршна изложба, кадешто ќе бидат изложени сите креации.

Нашата цел е да создадеме инспиративен простор каде децата не само што ќе научат нови вештини, туку и ќе развијат самодоверба, ќе се дружат и ќе го поминат летото на креативен начин, велат од Младински Центар Охрид.

Секоја недела ќе се одржува по една работилница, а датумите ќе бидат дополнително објавени.

Учеството е бесплатно, но местата се ограничени.

Родителите/старателите можат да ги пријават своите деца на следниот линк: https://forms.office.com/e/t6awjRXMJT

OhridNews