Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ кој несебично ги поддржува настаните од јавен карактер во регионот, промовираше креативно видео чиј лајт мотив е тимската работа. Креативното видео го осмисли и креираше Антонио Стаматоски, а монтажата е на Борче Димоски (Digital Box).

-Тимската работа води кон успехот. А за да биде успехот целосен, составивме сложувалка од целиот тим на „Д-р Баткоски“, бидејќи квалитетот и професионалноста се синоними на нашата успешна тимска работа. – велат од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, чиј тим ја поддржа и беше дел од исто така успешната атлетската манифестација „Охрид ТрчаТ“ во чии рамки се одржа „тим билдинг“ трка.


Креативно видео на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“

OhridNews