Министерство за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со СВР Скопје извршија идентификација на сопственикот на групата „Јавна соба“ со иницијали Д.К. од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. од Скопје, информира полицијата.
Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица кои имале администраторски и модератороски улоги во групата. Со лицата извршен е службен разговор, а во текот на утрешниот ден во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располага МВР. – соопшти полицијата.

Како што е познато, во групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ со повеќе илјади членови, беа споделувани компромитирачки готографии на раб на порнографија, во главно од малолетни и млади девојки.
OhridNews












