Се очекува поголема дебата околу предлог одлуката за задолжување со долгорочен кредит во висина од 60.000 евра на Ј.П.„Градски гробишта“, за што предлагачот и опозицијата во Советот имаат различни ставови.
Советот во петокот ја прекина 39-та седница, откако претходно советниците без многу расправа усвоија 23 точки од областа на образованието. Веднаш потоа Советот ја продолжи прекинатата 38-ма седница и ги усвои одлуките за склучување јавно приватно партнерство за стопанисување со јавното осветлување во општината и урбанистичкиот план за изградба на болница во населбата Св. Еразмо.