Членови граѓанската иницијатива „Доста е“ и планинарското друштво „Закамен“ од Струга, се искачиja на врвот на планината Јабланица, каде развиорија транспарент со порака „Чист воздух – Сега!“.

На овој начин граѓанските активисти и љубителите на природата сакаат да го сврат вниманието на надлежните на проблемот со двата депонија во непосредна близина на Струга која со години го загадува градот.

По серијата протести неодамна беше изгаснат пожарот на депонијата која е покриена со купишта земја, но и натаму останува проблемот со депонирањето на отпадот во Струга. На протестот одржан деновиве, граѓанската иницијатива „Доста е“ испрати барање до надлежните во рок од 15 дена да биде одредена нова локација за дислокација на струшката депонија, во спротивно струѓани најавија радикализација на протестите.

OhridNews