Репрезентативецот на Италија, Доменико Кришито, ќе го пропушти Европското првенство во Полска и Украина, поради истрагата која се води во оваа земја поради местење на натпревари.


Веста ја потврди и претставникот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Деметрио Албертини, кој со репрезентацијата се наоѓа во спортскиот центар Коверчано крај Фиренца. Албертини изјави дека Кришито сака да ја расчисти целата ситуација и да ја тргне дамката од своето име.

Италијанската полиција во понеделникот наутро го посети кампот на репрезентацијата, обави информативен разговор со Кришито и изврши претрес во неговата соба. Кришито е член на рускиот шампион Зенит, а претходно играше за Џенова.

Под истрага на италијанските власти се наоѓа и тренерот на Јувентус, Антонио Конте.

Полицијата во понеделникот го уапси капитенот на Лацио, Стефано Маури, играчот на Џенова Омар Милането и уште 17 други лица, поради вмешаност во местење на натпревари во Серија А.