Кристап Палас е новиот член во Премиер лигата. Во финалето од баражот на „Вембли“, фудбалерите на Кристал Палас со минимални 1-0 го совладаа тимот на Ватфорд по дополнителните триесет минути.


Стрелец на погодок вреден пласман во најсилната англиска лига беше искусниот Кевин Филипс од пенал во 105-та минута.


Кристал Палас ги комплетираше патниците во елитата откако претходно пласман обезбедија Кардиф и Хул.

Мх.П.