30 годишниот хрватски репрезентативен голман потпиша со ГРК Охрид миниум до крајот на оваа сезона.

Пилиповиќ (192 цм) доаѓа по 8 сезони поминати во Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), а играл и за моќната Висла Плок (Полска), Нексе (Хрватска) и Фиверс (Австрија). Има одиграно официјални натпревари и за сениорската екипа на Австрија, а од 2022 е дел од Хрватската репрезентација.

Барав еден амбициозен проект, нешто ново да пробам, сакав да работам со амбициозни и фанатични луѓе и тоа го препознав во Охрид. Луѓето овде се навистина луди за ракомет, сакаат нешто да направат, нешто да створат, навистина е една многу убава приказна. Бев воодушевен од градот и пристапот на клубот и добрите разговори со спортскиот директор и тренерот, така да одлуката ја направив лесно и верувам во добри резултати и добра иднина, изјави Пилиповиќ.

OhridNews