Во втората рунда од главната фаза на Европското првенство во Данска македонската ракометна репрезентација ќе ги одмери силите со Исланд. Селекторот на „рибарите“, Арон Кристиансон го „има“ рецептот за победа против Македонија, а тој е да се запре нашиот капитен.
– Клучот за победата е да го запреме Лазаров да не размавне од далечина, но во селекцијата на Македонија има уште неколку играчи, а без неговата помош репрезентација е далеку послаба. Мора да играме брзо во напад за да им создадеме проблеми во одбраната – рече селекторот на Исланд, Кристиансон.
Репрезентацијата на Исланд втората фаза од ЕП ја започна со победа против Австрија и стигна до третиот бод во групата.
Мх.П.











