Годината од соништата на европската ракометна сцена актуелниот европски и македонски шампион, Вардар ќе ја заврши на домашен терен против тимот на Кристијанштад.
„Црвено црните“ на дуелот со шведскиот преставник кој ќе се одигра сабота во 17 часот и 30 минути се изразити фаворити во сите сегменти и се освен лесна и убедлива победа ќе биде изненадување.
– Изгледот на табелата нема да не залажува и да влеземе во овој меч како да го имаме добиено. Нашиот противник во екипата има искусни ракометари и мора да пристапиме сериозно како и на досегашните натпревари. Со Кристијанштад таму одигравме речиси одличен меч и тоа треба да го повториме и да стигнеме до осмата победа сезонава. – изјави Раул Гонзалес.
Вардар е единствен клуб во ЛШ што го нема осетено горчливиот вкус на поразот и со седум победи во девет мечеви се наоѓа на првата позиција во А групата.
OhridNews