Со одлука на Претседателот Димитар Ковчевски за нов претседател на ОО СДСМ Охрид назначена е Кристина Крлеска Деспотоска.
Деспотоска која пред промената на локалната вчаст во Охрид раководеше со ЈП „Градски Пазар“, доаѓа на местото на Науме Јованоски – Чакар.
ОО СДСМ Охрид продолжува напред со нов претседател, со нова сила и енергија. Голема благодарност до досегашниот претседател Науме Јованоски и до целото раководство на ОО. Честитки за новоизбраниот претседател, Кристина Крлеска Деспотоска. И посакуваме успешна работа, мудри одлуки и големи победи! – стои во објавата на официјалната Фејсбук страна на ОО СДСМ Охрид.
Г.М.












