Кривичниот суд во Скопје, не ја прифати жалбата на одбраната на осомничениот Јордан Камчев, за укинување на мерката притвор, потврдија за МИА, од Кривичен суд Скопје.
Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по жалба поднесена од одбраната на Ј.К. против решение на судија на претходна постапка од 14.03.2021 година, донесе решение со кое жалбата се одбива и се потврдува решението на судијата на претходна постапка со кое на обвинетиот му се определува 30-дневен притвор по предлог на Основното јавно обвинителство, соопштија од Кривичен суд Скопје.
Бизнисменот Јордан Камчев, од страна на полициските службеници беше приведен на 14 март по претходна дојава од Агенцијата за национална безбедност, дека осомничениот се подготвува за бегство. Јордан Камчев е едно од шестте осомничени лица за кои во октомври минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, информираа од обвинителство.
Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, годинава, по 41 пат, ја организира истоимената ликовна колонија, најстара во нашата земја Учествуваат 10 ликовни уметници од земјата и светот, мегу кои како...
Директорот на Државна лотарија, проф д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека држава...
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата денеска, 23 јуни, од 12:00 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недос...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.