Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50- годишен охриѓанец, на кого му е одредена мерка одземање на патна исправа и повремено јавување во Основниот суд во Охрид.

– На шести овој месец, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа околу 2500 семки од растението Канабис сатива и околу 30 грама опојна дрога марихуана. Семките се пронајдени во пластична кутија покрај прозорецот од дневната соба, во зипер кесички сокриени во картонска кутија покрај креветот во спалната соба. Помали количини марихуана се забележани во тегла оставена во кујната како и во пепелник на бетонска преграда во дневната соба, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.  

Пронајдената марихуана е дел од поголемата количина што пријавениот неодамна ја набавил заради натамошна продажба на наркозависници, но и за лична употреба.

OhridNews