Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, пријавениот, во текот на оваа и минатата година, во повеќе наврати, на над десеттина лица од Охрид им продавал наркотична дрога хероин. Продажбата ја вршел на разни локации во Охрид по цена од 500 до 1000 денари. Пријавениот, на познат наркозависник, во еден угостителски објект во Охрид, му овозможил користење кокаин.
При претрес во домот на пријавениот, против кого и досега се поднесувани вакви кривични пријави, пронајдени се таблети, дигитална вага, денари и американски долари, најлони со траги од прашкаста материја и други предмети, кои се испратени на вештачење во министерството за внатрешни работи.