СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52-годишниот охриѓанец кој пред два дена, пред сендвичара во центарот на Охрид со огнено оружје тешко повреди 33-годишен сограѓанин.
Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“. Пријава е поднесена и против 38-годишно лице од село Лешани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дела „помагање“ во кривично дело „убиство во обид“.
На пукањето, што се случи на 11-ти декември околу 23.45 часот, му претходела вербална расправија која потоа преминала и во жестока тепачка. Повредениот во контактибилна состојба бил пренесен во Специјална болница „Св. Еразмо“, а охриѓанецот кој пукаше бил пронајден и приведен во охридската Полициска станица. Од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена.
OhridNews