СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55- годишен референт за наплата и доделување на гробни места во ЈП „Градски гробишта“ , за сторено кривично дело „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

На 26- ти јуни 2012 година, на лице кое во ЈП „Градски гробишта“ дошло да купи две гробни места, пријавениот му рекол дека е потребно време за изготвување на договорите за купопродажба кои лично ќе му ги однесе заедно со фискалните сметки. Притоа, истиот изготвил две фискални сметки во износ од 92.000 денари, кои ги сторнирал, а договорите не ги дал за книжење во сметководство, туку ги уништил. На оштетениот  му дал два фалсификувани договори со фалсификуван потпис на директорот на јавното претпријатие со што  присвоил 92.000 денари.

OhridNews