Кривична пријава против 12 лица за издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка
10.07.24 11:07
Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против 12 лица, од кои 10 се државјани на Република Северна Македонија и две лица државјани на Косово за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“ и за „соизвршителство“.
Како што денеска соопштија од МВР, пријавените во текот на јануари 2023 година извршиле злоупотреба на платежни картички (purchase refund fraud) издадени од банка во Р.С.Македонија на начин што користеле активни странски компании (со физички или виртуелен терминал) преку кој се иницирале неовластени авторизации за враќање на средства (refund), кои трансакции кај банката не се испраќале како трансакција за книжење, па според тоа немало влијание на реални трансакции на продажното место, но на друга страна нереално се зголемувала состојбата на сметката на платежната картичка што се користи за трансакцијата за износот на направената рефундација.
На тој начин пријавените како корисници на платежни картички ги користеле овие средства за сопствени потреби и неовластено се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 10.719.807 денари, а за истиот износ ја оштетиле банката издавач на платежните картички.
Во тиражниот кинески весник Macao Daily News (Макао Дејли Њуз), во додатокот за литература и култура „Огледално море“ (Mirror Sea / 鏡海) на една страница се објавени песни од македонскиот поет Славе...
Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид од вчера утрината е без електрична енергија Студентите доцна синоќа реагираа дека нема греење, прекинот е во целиот дом и дека немаат информација кога ќе се...
Утре се одбележува Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, воспоставен од Обединетите нации со цел промоција на родовата еднаквост и целосното учество на жените во науката, технологијат...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.