Поднесена кривична пријава против градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и секретарот на Општина Охрид Александар Китески поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид. Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на Корона вирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник „Богојавление- Водици 2022 година“ одржана во Охрид, стои во соопштението од МВР.
Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека случајот е фабрикуван од страна на СДСМ, а дека во наредниот период Пецаков ќе покрене постапки за клевета. Како што напиша самиот градоначалник, се тестирал не поради симптоми на Ковид туку поради патување и потреба за поседување на негативен PCR тест, а по 36 часа од првото тестирање, направил уште еден тест, кој бил негативен.
OhridNews












