СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед извршен на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана и амфетамин, информираат од СВР Охрид.
OhridNews












