СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38 годишна велешанка и 47 годишна битолчанка, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Двете, во својство на инвеститори, на стамбен објект лоциран на улицата „Ѓорче Петров“ во Охрид, без одобрение, извршиле неовластена доградба и узурпирале државно земјиште, информираат од СВР Охрид. 

OhridNews