ОВР Струга поднесе кривична пријава против 49 годишен жител од Oпштина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривичнии дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
Во текот на мај 2020 година, на локација во струшкото село Горна Белица узурпирал државно земјиште и без одобрение отпочнал со градба на викенд куќа. Од извршениот инспекциски надзор, донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да ја отстрани градбата, информираат од МВР.
OhridNews












