СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен охриѓанец 79-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 2008 до 2015 година, охриѓанецот како управител на фирма од Охрид не ги подмирувал обврските кон фирма од Прилеп. По ова, второ пријавениот, како сопственик на фирмата од Охрид, кој, имал долг и кон други доверители, го поттикнал управителот да склучи договор за залог во кој второ пријавениот засновал заложно право врз целиот недвижен имот на фирмата од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со ова, фирмата од Прилеп не можела да ги намири своите побарувања, додека второпријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.448.021 денари.

OhridNews