СВР Охрид, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 29-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице во вршење на работи од безбедноста“.

Тој, на 19.05.2021 година, на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, започнал вербална расправија со полициски службеници кои преземале службени мерки по што, физички ги нападнал. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Вчера во 18.20 часот, во охридското село Лескоец, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од жител на Ресен врз 23-годишен жител на селото. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Димовски.

OhridNews