СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 23.07.2017 година до ноември 2017 година пријавената, како помошник директор на Јавно претпријатие, и покрај тоа што била разрешена од функцијата директор на јавното претпријатие, си доделувала плата како директор.

OhridNews